Услуги и Погодности

Во состав на хотелот работи и Ресторан со капацитет за 180 (сто и осумдесет лица), кој е на располагање за организирање разни веселби со жива музика, деловни ручеци, средби и семинари. Ресторанот е климатизиран и ќе го направи вашето присуство растоварено од градската жештина, а сепак ќе го задржите она чувство на сончевина што одамна и секаде сте го барале. Уживањето во храната знаат да го расипат многу ситни детали на кои ние многу внимаваме, а единствен начин да се уверите во тоа е да не посетите во следната добра пригода. Ние ќе ве очекуваме подготвени.

            Хотел Илинден исто така располага и со сала за состаноци и семинари со капацитет од 80 (осумдесет) лица, која е климатизирана и опремена со видео бим. Доколку организирате семинари или советувања, ние сме вистинскиот избор, а нашата локација е предност што ретко што ја надоместува.Ние веќе работиме на остварување на нашите идни планови за опремување на конгресна сала за 60 (шеесет) лица и летна бавча со тераса за 150 (сто и педесет) лица која ќе има уникатен поглед на градот и ѕвезденото небо над Струмица по кое таа е толку позната, затоа што ќе биде сместена на најгорниот кат на хотелот и ќе биде од единствен вид, а со тоа и вистинска оаза за уживање во сите погодности што еден релаксиран престој може да го понуди.


Hotel Ilinden-2 Hotel Ilinden-5 Hotel Ilinden-6 Hotel Ilinden-8 Hotel Ilinden-9 Hotel Ilinden-10Hotel Ilinden-1 xml lightbox galleryby VisualLightBox.com v5.9