Соби за спиење

Соби за спиење со многу удобен амбиент

Прочитај повеке ...

Ресторант

Голем избор на доручок , ручок и вечера 

Прочитај повеке ...

Конференциска Сала

Голема Конференциска сала со секаков вид на услуги 

Прочитај повеке ...

Хотел Илинден

Во срцето на градот Струмица- најсрдечното место во Македонија; во македонскиот Њуорлеанс- како што некои ја нарекуваат Струмица- позната по добрата музика и одличниот ноќен живот, со живописни улици и градби, со топла насмевка на лицата на луѓето и поинаков пулс на живеење и оригинално чувствување на светот- ве очекува и дочекува единствениот скапоцен камен на струмичката хотелиерска круна- Хотел Илинден!

http://www.hotelilinden.com.mk/images/hotel.jpgНе станува збор за тоа дали додаваме или одземаме од магијата на самиот хотел кога го спомнуваме ова- едноставно, тоа е така: сонцето се чувствува во очите на луѓето во Струмица, сонцето се чувствува во собите и уредувањето на нашиот хотел, сонцето се чувствува на лицата на нашиот персонал, а сонцето го чувствувате и вие кои секогаш не посетувате и сте дојдени токму по ова августовско сонце, без оглед дали веќе го имате запознаено- зашто ќе го препознаете уште од прво видување- за да го понесете со себе онаму каде што сте се упатиле или каде што ќе се вратите: сонце кое ве крепи длабоко во зимата, дури до следното ваше навраќање, без оглед колку време и да ви треба за да ни се вратите нам, зашто токму тоа илинденско сонце, знаеме сигурно ќе ве врати кај нас!

Доброто не се заборава и на доброто со добро се враќа, а ние знаеме да се однесуваме со вас повеќе од добро- не за да добиеме некаква корист од вас, туку токму за да ви го дадеме она што никаде, или ретко каде, можете да го најдете- топлина и добрина, а за возврат бараме само да го раширите добриот глас за Хотел Илинден!