Хотел Илинден
Во срцето на градот Струмица- најсрдечното место во Македонија; во македонскиот Њуорлеанс- како што некои ја нарекуваат Струмица- позната по добрата музика и одличниот ноќен живот, со живописни улици и градби, со топла насмевка на лицата на луѓето и поинаков пулс на живеење и оригинално чувствување на светот- ве очекува и дочекува единствениот скапоцен камен на струмичката хотелиерска круна- Хотел Илинден!
Не
станува збор за тоа дали додаваме или одземаме од магијата на самиот хотел кога
го спомнуваме ова- едноставно, тоа е така: сонцето се чувствува во очите на
луѓето во Струмица, сонцето се чувствува во собите и уредувањето на нашиот
хотел, сонцето се чувствува на лицата на нашиот персонал, а сонцето го
чувствувате и вие кои секогаш не посетувате и сте дојдени токму по ова
августовско сонце, без оглед дали веќе го имате запознаено- зашто ќе го
препознаете уште од прво видување- за да го понесете со себе онаму каде што сте
се упатиле или каде што ќе се вратите: сонце кое ве крепи длабоко во зимата,
дури до следното ваше навраќање, без оглед колку време и да ви треба за да ни
се вратите нам, зашто токму тоа илинденско сонце, знаеме сигурно ќе ве врати
кај нас!